Брендон Вера со нокаут ја одбрани ОНЕ титулата (ВИДЕО)

Брендон Вера (16-7) по речиси двегодишна пауза се вртаи на настанот во Манила на ОНЕ Шампионатот.

41-годишниот Американец со филипинско потекло не се задржа долго во кафезот, бидејќи за само 64 секунди со лево кроше од контра го нокаутира Италијанецот Мауро Серили (12-3) и по втор пат ја одбрани шампионската титула во тешка категорија.

Поранешниот шампион Едуард Фолајанг (21-6) ја освои слободната титула во лесна категорија победувајќи го со едногласната одлука на Амир Кан (11-4).

Во кик-бокс мечот одржан со мали ракавици до 73 килограми Французниот Сами Сана со едногласна одлука на судиите го победи Армен Петросјан.

https://www.youtube.com/watch?v=1ieMQlO4clQ

https://www.youtube.com/watch?v=Go6U5QnJnpg

https://www.youtube.com/watch?v=3tjWLeP6MJE

 

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON