Брендан Шауб и помогна на деца во сообраќајна несреќа: Таткото сакал да го убие целото семејство

Поранешниот ММА борец, 38-годишниот Брендан Шауб, спаси три деца од разбиен автомобил по сообраќајна несреќа.

Биг Браун неодамна ги кажа шокантните детали за несреќата во која загина 26-годишната мајка на тие деца, Аими Гарсија.

Имено, Шауб наишол на местото на настанот и бил првиот што стигнал на помош.

„Шест или седумгодишно дете викаше помош, покажувајќи во правец на автомобил со две други деца во него“, рече Брендан Шауб.

„Автомобилот е искрашен. И јас и уште еден човек, веројатно возач на камион, дојдовме на местото на несреќата. Го скршив прозорецот за да стигнам до нив, но само дел од него, прозорецот веќе беше скршен, за да не испадне дека сум капетан Америка. Го тргнав стаклото и ги извлеков децата од автомобилот“.

Во несреќата загина нивната мајка Аими Гарсија, а нејзиниот партнер и татко на децата Цезар Ибан Торе е обвинет за нејзиното убиство.

Тој беше уапсен откако се обиде да го напушти местото на злосторството, а се верува дека сакал да го убие целото семејство.

Брендан Шауб ја заврши својата ММА кариера во 2014 година, по два порази по ред против Андреј Арловски и Тревис Браун.

На УФЦ 128 во Њу Џерси го победи Мирко Филиповиќ со нокаут во третата рунда. Ја заврши кариерата со 10 победи и пет порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО