Бредли ќе го гаѓа повреденото рамо на Пакијао

Pakijao i bredli ponova

Светскиот шампион во полусредна категорија на ВБО, 32-годишниот Американец Тимоти Бредли, ја споделил стратегијата за борбата против поранешниот шампион во осум категории, 37-годишниот Филипинец Мани Пакијао. Ако треба да сме поспецифични, Американецот рекол во едно негово интервју дека има намера да го нападне повреденото десно рамо на неговиот противник.

„Ајде да размислиме, како би реагирале ако ве прашуваат: Што ќе направите за да заработите? Ајде да расудуваме мудро. Навистина, што ќе направите, за да победите? Ќе го нападнете ли рамото? Таму ли ќе се фокусирате? Да , јас ќе направам се за да добијам овој меч“.

Пакијао и Бредли ќе се борат на 9 април во Лас Вегас, потоа Филипинецот има намера да се оддаде на политичката кариера во татковината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО