Бразилски аматерски ММА борец почина по мечот

22-годишниот Матеус Фернандес починал неколку часа по аматерска ММА борба во Манаус.

Бразилецот се бореше на настанот Ремулус фајт кој го надгледува Комисијата за спорт на Амазон (CAMMA).

Фернандес во бантам категорија загуби со нокаут во третата рунда од Обед Переир.

Тренирал во Формандо Кампеоес, социјален проект кој им помага на поранешните зависници преку боречки вештини. Сопругата на неговиот тренер Валмира Диеб, координатор на проектот Вандерлуче Кантуријас изјави дека наодот од обдукцијата открива дека смртта на Фернандес е резултат на предозирање, а не повреда здобиена во борбата.

„Помина на тестот во петокот, но поранешните членови ни кажа дека ноќта ја поминал дрогирајќи се. Не изгледаше како да земал нешто. Многу се потеше, но тоа е вообичаено поради адреналинот. Беше многу добар во првите две рунди, но потоа доби удар и падна во третата рунда, а потоа почна да добива напади како резултат на дрогата“.

Фернандес беше однесен во болница каде што имаше повеќе срцеви удари и почина.

По правилата на CAMMA аматерските борби се одржуваат во три рунди во траење од по три минути без удари со колената и лактите. Комисијата бара од борците тест за ХИВ и хепатитис. Фернандес пред борбата не бил на преглед за срцето и главата.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО