Братот на Фјури се плаши дека Тајсон сега не може повеќе од она што го покажа против Нгану

Тајсон Фјури го победи Френсис Нгану на неодамнешниот боксерски настан во Саудиска Арабија, но разочара многумина со својот настап.

Пред неколку недели најави дека мечот против поранешниот шампион на УФЦ ќе биде лесен, но Камерунецот беше одличен во своето деби, а го намачи Џипси Кинг.

Британскиот борец беше соборен во третата рунда, но се врати во мечот и боксираше многу повнимателно до крајот на борбата, не дозволувајќи му на противникот уште еднаш да го изненади.

И братот на Фјури, Шејн Фјури, се плаши дека Тајсон во овој момент не може да направи повеќе од она што го покажа против Нгану.

„Многу работи влијаеја на неговиот настап, тоа беше комбинација од разни работи што му се случуваа додека беше надвор од рингот. И тренерот му предложи да се ослободи од лошите навики на кои беше склон во последните десет месеци. А потоа во рингот се појави Нгану, кој изгледаше подобро отколку што сите очекуваа“, изјави Шејн Фјури и додаде:

„Се плашам дека ова може да биде максимумот на Тајсон во овој момент. Се надевам дека нема, но тој има 35 години и видовме борци како заминуваат преку ноќ. Се надевам дека Тајсон не размислува така, бидејќи изгледа поинаку кога тренира. Се е во ред, како да тече мед и млеко. Се надевам дека тоа не е се од него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО