Братот и сестрата Дејан и Ана Марија Георгиевски владеат со Балканот, за Македонија седум медали (ФОТО)

Македонската таеквондо репрезентација освои седум медали денеска на Балканското првенство во Едрене-Турција, од кои 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени. Дејан Геогиевски стана балкански шамион во сениорска конкуренција, потврдувајќи го својот талент.

Неговата сестра Ана Марија Георгиевска да не остане покусо стана шампион во јуниорска конкуренција.  Дамјан Трајковски (јуниори) и Филип Стаменов (кадети) освоија сребрени медали, додека Марко Стевиќ бронза во сениорска конкуренција, како и Сара Раевска и Мери Ацевска во јуниорска конкуренција.

Утре е вториот натпреварувачи ден од кој претседателот на Таеководно федерацијата на Македонија, Борче Костовски, очекува нови одличја, но и оние најсјајните.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON