Светскиот шампион во супертешка категорија на IBF, WBA, WBO и IBO, Владимир Кличко и неговиот брат – градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, возеа скутери во Денот на независноста на Украина.
„Пријатели! Уште еднаш ви го честитам со Денот на независноста! По официјалните настани и прослави, со брат ми активно го одбележавме празникот 🙂 Славана да е Украина“, напиша Виталиј на социјалните мрежи!
Во исто време стана јасно дека Владимир активно го користи јавниот транспорт во Киев. Најдобриот боксер во тешка категорија беше фотографиран како се вози во градското метро. Деновиве, помалиот од браќата Кличко, треба да започне со подготовки за борбата со Тајсон Фјури, која ќе се одржи на 24 октомври во Дизелдорф.