Брајан Бaтл со нокаут за 14 секунди на УФЦ на АБЦ 4 (ВИДЕО)

На Брајан Батл му беа потребни само 14 секунди за да победи во Шарлот, Северна Каролина.

Се соочи со Габриел Грин во средна категорија до 78,47 килограми. Борбата беше дел од УФЦ на АБЦ 4 во прелиминарните мечеви. Грин тргна многу агресивно и веднаш нападна со комбинации на удари и ниски ножни удари. Габриел го притисна Батл на мрежата и започна луда размена на удари.

За време на оваа размена Брајан постигна лева и десна комбинација со што го нокаутира Грин. Батл зададе уште неколку удари додека беше врз него, за да се увери дека судијата ќе го прекине мечот. Така се заврши за 14 секунди.

Со оваа победа Батл се враќа во победничката серија откако претходно загуби од Ринат Фахретдинов. Грин е во серија од 2 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО