Филип Божиновски и Дејан Стефаноски извојуваа победи на квалитетниот ММА турнир Гладијаторс најт 11 во Дубровник, додека Мирко Додевски загуби.
„Одлична организација на хрватската легенда Маро Перак. Овај пат имавме еден пораз и една победа. Секогаш одиме со најсилните домашни борци и секогаш на гостински терен, за да победиме треба да сме 200 отсто поподготвено од нашите противници. Но и покрај се успеавме да славиме со една победа и да одиме напред покрај сите услови, неуслови во кои се подготвуваме за да можеме да се носиме со најквалитетните балкански школи. Шампионски и со срце се бореа и двата наши претставници кои се градат полека но сигурно во одлични македонски борци. Тие се едни од најголемите спортски амбасадори на Македонија и за кои време е да се чуе за нивниот талент,труд и посветеност вложена во боречките вештини“, вели Сашко Мирчевски, тренерот на Божиновски и Додевски.
Стрефаноски оваа победа ја посвети на неговиот татко кој неодамна почина. Инаку, тој по победата добил понуди за борби во Русија.
Гладијаторс најт 11:
Филип Божиновски – Гордан Ловриќ (со едногласна судиска одлука)
Дејан Стефаноски – Јован Јанковиќ (со давење, Р1)
Воведни борби
Мирко Додевски – Лука Милидраговиќ (ТКО, Р1)
Ipon.mk/В.Д.