Божинов и Сејди на Европското самбо првенство за јуниори во Нови Сад

Sambo curino 2

Од 17 до 20 април во Нови Сад-Србија ќе се одржи Европско првенство за јуниори  во самбо борење на кое ќе земат учество нашите репрезентативци во категоријата млади јуниори Ѓорги Божинов во категоријата – 52 кг и Ариф Сејди во категоријата + 87 кг. Нашата селекција ја предводи тренерот, воедно и претседател на Федерацијата, Ердал Факиќ.

Нашата селекција за прв пат ќе учествува во младинска конкуренција на едно официјално Еврпоско првенство, а наредниот месец не очекува и Европското првенство за сениори кое ќе се одржи во Загреб-Хрватска. Исто така во Загреб нашата селекција ќе аплицира за домаќин на едно големо натпреварување како што е Еврпоско првенство за кадети во 2016 година.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON