Божиќ е време кое носи дополнителна топлина во домот и го сплотува семејството.
Во Перу, граѓаните си измислиле традиција, доста спротивна на горенаведената.
Фестивалот „Таканакју“ се одржува секоја година на 25 декември и вклучува мажи, жени, стари, дури и деца, кои си разменуваат тупаници пред стотици гледачи.
Таканакју на локалниот јазик значи „кога крвта ќе зоврие“ и се користи за решавање на конфликти и спорови.
На фестивалот му претходи големо запојување, кое продолжува и по него, за да ги намали болките .
Нели звучи како една од најинтересните новогодишни традиции? Или интересна прочка, по нашите обичаи.
http://youtu.be/Sd8b8rvFtDM