Бозел ги освои ИБО титулата и привремената на ВБА во полутешка категорија (ВИДЕО)

Доминик Бозел (30-1, 12 КО) вчера во Хале ја освои шампионската титула во полутешка категорија на ИБО и привремената во ВБА.

30-годишниот Германец со прекин во 11-тата рунда го совлада Свен Форлинг (15-2, 7 КО) во неговата прва одбрана на појасот на ИБО.

Швеѓанецот се најде на подот за прв пат на самиот крај од втората рунда. Иако се чинеше дека не се работи за нокдаун, судијата сепак го броеше.

Повредениот Форлинг се најде во проблеми и во 10-тата, пред Бозел со серија на удари во 11 рунда да го натера судијата на прекин на борбата.

Актуелниот шампион на ВБА во лесна категорија е Дмитри Бивол (17-0, 11 КО).

https://www.youtube.com/watch?v=IWWRC3NdN6k&feature=emb_logo

https://youtu.be/tqi6vdi94yI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО