Со шест златни, пет сребрени и две бронзени медали, карате клубот „Макпетрол“ оствари најдобар резултат на државното првенство за сениори што викендов се одржа во Скопје. Во своите тежински категории, шампиони на Македонија станаа Петар Заборски (-75 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.).
Освен во индивидуалните категории, на прво место се пласираа и машката и женската екипа на „Макпетрол“. Симона Заборска (капитен), Викторија Јовановска, Ангела Мојсовска, Јована Мицковска и Марија Петровска го сочинуваа женскиот тим, додека Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Глигор Петков и Витомир Трајковски беа дел од машката шампионска екипа на скопскиот клуб.
На државното првенство со сребро се закитија: Марија Петровска (-50 кг.), Јована Мицовска (-61 кг.), Давид Петков (-67 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.) и Глигор Петков (+84 кг.). Бронзени медали освоија Симона Заборска (-61 кг.) и Викторија Јовановска (-61 кг.).
Тренерот на „Макпетрол“, Бошко Заборски, е задоволен од постигнатото и од прикажаните борби на сите членови на клубот, а според него, најважно е што тимот во текот на шампионатот повторно демонстрира модерно и врвно карате.
„Задоволни сме од постигнатото и од прикажаните борби на сите наши спортисти. Најважно од се е тоа што повторно демонстриравме и прикажавме модерно и врвно карате. Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Имаме освоено шест златни медали, но и пет сребрени, кои лесно можеа да бидат златни медали. Во поединечна конкуренција имавме успешни настапи во машка конкуренција, па така да финалните борби во полутешка и тешка категорија беа со спортисти од Макпетрол. Исто така Петар Заборски и Ангела Мојсовска покажаа голема натпреварувачка созреаност и имаа одличен настап.
Сакам да истакнам, дека во екипните натпревари во дисциплината борби имавме исто така одлично преставување на нашите тимови. Во екипните натпревари славевме и освоивме златни медали и во машка и во женска конкуренција, Двата тима на Макпетрол се државни шампиони. Кај мажите во финалниот натпревар Макпетрол со максимален резултат и супериорно веднаш после првите три борби поведе со 3-0 во победи, и со максимален резултат го победи машкиот тимот на Олимпик – Скопје – изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски“, истакна Заборски.
Државни шампиони во своите тежински категории:
1. Петар Заборски -75 кг
2. Анѓела Мојсовска -68 кг
3. Стефан Стојановиќ +84 кг
4. Петар Спасеновски -84 кг
5. Екипно борби мажи златен медал состав (Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Глигор Петков, Витомир Трајковски)
6. Женскиот тим во борби (Симона Заборска (капитен), Викторија Јовановска, Ангела Мојсовска, Јована Мицковска и Марија Петровска)
Сребрени медали:
7. Марија Петровска -50 кг
8. Јована Мицовска -61
9. Давид Петков -67
10.Витомир Трајковски -84 кг
11.Глигор Петков +84 кг
Бронзени медали:
12. Симона Заборска -61 кг
13. Викторија Јовановска -61 кг