Бошко Заборски: Задоволен сум од настапот на Макпетрол на Гранд при Кроација, освоивме три медали

Изминатиов викенд во Самобор, Хрватска се одржа најмасовниот и најквалитетниот Меѓународен карате турнир „Гранд при Кроација“, на кој учествуваа 1767 каратисти од 33 држави, односно 275 клуба. Тимот на Макпетрол учествуваше на Гранд при Кроација и освои златен и два сребрени медали.

„Задоволни сме од настапот на нашите каратисти на овој турнир. Макпетрол на турнирот настапи со вкупно 10 каратисти. Репрезентативците Петар Заборски, Петар Спасеновски и Глигор Петков настапија на ревијалниот турнир во сениорска конкуренција, во апсолутна категорија. Тројцата наши сениори имаа по неколку победи и задоволни сме и од нивниот настап. Турнирот е секогаш соголем број на пријавени спортисти кои се истовемено и многу квалитетни. Турнирот претставува главна контрола за возрасните категории на кадети, јуниори и постари јуниори (У21). Терминот за одржување на овој турнир секогаш е непосредно пред терминот за официјалното европско првенство за овие возрасни категории. Па, од таа причина најголем број на национални репрезентации последните свои проверки ги прават на овој натпревар, оваа година учествуваа национални тимови од 33 (триесет и три) држави. Повод за учество на младинскиот тим на Макпетрол на овој силен турнир, беше да се направи контрола на спортската форма на репрезентативците кои треба да настапат на европското првенство во Чешка, Прага.

Резултатите кои се постигнати со освоените три медали од кои 1 (еден) златен и 2 (два) сребрени, како и два високи пласмани на петто места, говорат дека во моментов Макпетрол, навистина располага со квалитетни млади каратисти“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски и додаде:

„Уште на самиот старт европскиот актуелен европски шампион Стефан Стојановиќ успеа да освои златен медал на Гранд при Кроација. Стефан Стојановиќ потврди дека е во добра форма пред Европското превнство. Тој го освои златниот медал во категоријата над 84 килограми во У-21. Каратистот на Макпетрол извојува четири победа за златниот медал. Во финалето извојува убедлива победа над Урош Маркуљевиќ од Словенија со 6-0“.

Резултати
Стефан Стојановиќ – Антон Баждариќ (Хрватска) 5-1
Стефан Стојановиќ – Јурај Черницки (Словачка) 3-0
Стефан Стојановиќ – Дарио Глихиниќ (Хравтакса) 1-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Урош Маркуљевиќ (Словенија) 6-0

„Потоа следеа одличните преставувања и уште две финалиња за јуниорите Данило Божовиќ и Јована Мицовска, кои со одлични борби стигнаа до сребра на Гранд при Кроација.

Јуниорите на Макпетрол Данило Божовиќ и Јована Мицовска прикажаа одлични борби, освојувајќи сребрени медали. Божовиќ и Мицовска извојуваа по четири победи до финалето. Само мали нијанси влијаеа на резултатот во финалните средби. Сепак, тие покажаа дека располагаат со квалитет за меѓународната сцена, така што на официјалните првенства може да очекуваме добри резултати“, истакнува Заборски.

Резултати
+76 кг јуниори
Данило Божовиќ – Пасквале Растиело (Италија) 8-3
Данило Божовиќ – Тони Чутура (Хрватска) 3-1
Данило Божовиќ – Ловро Ленац (Хрватска) 1-0
Данило Божовиќ – Јан Катанец (Хрватска) 4-0
Финале
Данило Божовиќ – Михаило Василиќ (Србија) 0-2

-59 кг јуниори
Јована Мицовска – Доротеа Липцеј (Унгарија) 5-2
Јована Мицовска – Федерика Десте (Италија) 3-0
Јована Мицовска – Венета Стоименова (Бугарија) 7-0
Јована Мицовска – Софија Јанкулеску (Унгарија) 1-0
Финале
Јована Мицова – Ирене Мартурано (Италија)1-5

„Да споменеме дека јуниорот Витомир Трајковски, исто така имаше три победи и два порази така да во борбата за бронзениот медал тој загуби од Жолт Бенко 1-4. Вториот висок пласман на петто место беше остварен од страна на Марија Петровска -50 кг У21, таа за бронзениот медал загуби од претставничката“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО