Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, по трите сребрени медали на неговите каратисти на ВКФ малдинскиот куп во Умаг-Хрватска, изразува задоволство од постигнатиот резултат во овој дел од годината.
„Ова е многу голем успех на младите каратисти од карате клубот Макпетрол. Само да потсетиме дека сите тројца се носители на медали од досегашните изминати европски првенства и се стандардни репрезентативци на Македонија. Петар Заборски беше европски вицепрвак во Цирих 2015 година за јуниори и сега продолжува успешно да се преставува и во повозрасната категорија за постари јуниори (спортисти на возраст од 18-21 година). Моника Пендаровска е наша историски најуспешна млада каратистка. Таа до сега има освоено три европски медали: една како кадетка и две како јуниорка. Сега и таа, како и Петар, успешно настапи во најсилната јуниорска категорија 18-21 година. Кадетот Абдурахим Идризи, пак, е актуелен европски вицепрвак од последното Европско првенство годинава во Лимасол. Тој освои сребрен медал, но во дисциплината кати, еве, сега успеа во дисциплината борби да освои повторно сребрен медал. Затоа јас можам само да кажам дека како клуб многу сме задоволни како ја преставуваме нашата држава на интернационална сцена. Некако, како по инерција, секоја година од најсилните европски и светски натпреварувања нашите каратисти не радуваат со големи постигнувања и успеси. Екипата на ова натпреварување ја предводеше нашата стандардна сениорска репрезентативка каратистка, Симона Заборска, и веднаш направи извонреден тренерски резултат. По натпреварот сите каратисти ќе одат на заслужен одмор на семинарот во Суто Море на закрепнување за успешен настап на следните натпревари“, изјави Заборски.
Тренерот на Макпетрол вели дека за сениорските репрезентативци нема одмор, Сениорските универзитетски репрезентативци; Симона Заборска, Сара Радичевска, Моника Стефановска, Анамарија Несторовска и Дејан Павлов се подготвуваат за настап на европската Универзијада, која е трета по ред и ќе се одржи во Загреб од 11-14 јули. На универзијадата карате спортот за прв пат ќе учествува заедно рамо до рамо со уште 21 спорт.
Постариот јуниор кои има само 18 години Петар Заборски (-75 кг, У-21) од Макпетрол се бореше во финалето на Светскиот карате куп во Умаг, тој мораше да се задоволи со сребрениот медал, иако борбата заврши со нерешен резултат 2-2, Австриајнецот Робин Ретенбахер ја доби оваа борба со судиско изјаснување.
Заборски во првото коло беше слободен, потоа во второто коло го победи Немања Церне (Австралија) 1-1,
Во третото коло забележа победа со Александар Коломитцев (Русија) 1-0
во полуфиналето го совлада Ардит Рушити (Словенија) со судиска одлука по 4-4.
Моника Пендаровска (-55 кг У-21) , исто така го освои сребрениот медал на ВКФ младинскиот куп во конкуренција на јуниори до 21 година (У-21).
Пендаровска во финалето беше совладана со минимален резултат од 1-0 од Естонката Ли Лирисман. Таа до финалната борба ги совлада Сара Сидикјуи (Хрватска) 2-0, Хсианг лин Као (Тајпеј) 1-0, Маја Шаерер (Швајцарија) 0-0 на изјаснување.
Абдурахим Идризи во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција во дисциплината борби (кумите), најпрво го совлада со 9-1 Сани Хир од Канада, во второто Жорди Миранада од Шпанија со 2-1, додека во трето коло го победи Јакоб Хериксен од Данска на судиско изјаснување при резултат 0-0. Во полуфиналето слваеше над Хи Чау Ка од Хонг Конг со 3-0. Загуби во финалната борба од Алехандро Ортиз Фернандез од Шпанија со резултат 0-3.
Ipon.mk/В.Д.