Бошко Заборски: Нема место за импровизации, норма за Токио 2020 ќе остварат само сериозните држави и федерации!

По настапот на Крате 1Премиер лига – Серија А во Истанбул, тренерот на Макпетрол Бошко Заборски изразува задоволство од настапот на неговите каратисти со осврт на борбите

Задоволен сум од настапот на каратистите од Макпетрол. По овој турнир Симона Заборска ќе има подобрување на своето бодовно салдо на Ранг листат на Светската карате федерација кое се очекува да излезе за неколку дена. Таа, заедно со Берат Јакупи, најверојатно ќе бидат најдобро рангирани македонски каратисти. Во Истанбул  учествувавме на едно многу квалитетно првенство и слободно може да се каже дека ова беше неофицијално светско првенство. Конкуренцијата беше огромна, како никогаш до сега. Само како податок , репрезентацијата на Јапонија допатува со по 4 спортисти во секоја тежинска категорија. Исто така и на Иран, како и првите 20 рангирани репрезентации. Извршиле масовна мобилизација на целокупните свои потенцијали, и уште во стартот многу сериозно ја сватиле промената која настана откако каратето стана член на олимписките спортови. Место за импровизации повеќе ќе нема. Сега нормата за Токио 2020 ќе ја остварат само сериозните држави и федерации, кои нема да се штедат во ниту еден поглед. Ние, како Македонија, ја добивме и втората опомена. Пред две недели Берат Јакупи во Лајпциг, беше петопласиран, сега Симона Заборска во Истанбул е седморангирана. Ова ни алармира дека во иднина медали тешко ќе се освојуваат и на овие турнири. Сега останува по две седмици да учествуваме на турнирот во Салзбург и да ја поправиме бодовната листа во повеќе тежински категории. Треба да се обидеме да влеземе меѓу првите 50 спортисти. Ова е многу важно бидејќи од Јануари 2018 година,  само првите 50 спортисти ќе имаат можност за понатамошна трка за настап во Токио 2020 година“, истакна Заборски

Тој истакнува дека Симина Заборска која имаше најдобар пласман од македонските каратисти прво победила турската натпреварувачка Нур Рунар со 5-0во второто коло била поуспешна од Папа Александра од Грција, совладувајќи ја со 3-1, а во третото коло ја победува Романката Парау Лорена 4-0. Тренерот на Макпетрол вели  извонредната серија ја прекинала во четвртото коло со Казахстанката Сабина Захирова кога е поразен со 0-4, а откако Сабина влезе во финалето и овозможи на Симона репасаж. Во првата борба во репасажот ја победува Ива Клепиќ од Босна и Херцеговина со 2-0, а во втората, која и овозможуваше борба за медал, ја загуби од Русинката Елизавета Лазарева со 0-4.

„Добар настап имаше и младиот Петар Заборски кој забележа две победи. Во првото коло извојува победа со Качар Огуз од Турција од 4-0, во второто го победи светскиот и европскиот првак Габор Харспатаки од Унгарија со резултат 8-0. Притоа беше неспортски повреден по судиското „стоп“ и имаше лекарска интервенција на носот и скочниот зглоб. Неспортски и низок потег на светскиот првак. Постапи неспортски и сите ги изненади со постапката што удираше по командата „стоп“, од немоќ и нервоза. Во третото коло Петар загуби од Иранецот Сајад Хајати, најмногу  поради повредата која ја доби од Унгарецот и не можеше добро да се движи“, изјави тренерот Бошко Заборски и додавајќи дека и Наташа Стефановска (-61 кг)  се истакна со две победи и еден нерешен разултат 1-1, но не помина во наредното четврто коло, поради тоа што противничката прва освои поен. Таа беше елиминирана во третата борба од Швајцарката Нина Раџеновиќ.

Во Истанбул настапија 1262 натпреварувачи од 89 држави, односно од 293 клубови сите во сениорска конкуренција.

Македонската карате експедиција за ова коло од Карате 1 Премиер лигата во Истанбул броеше 31 член. Клубовите од Македонија,  настапија со следните потенцијали: Металург настапи со 10 каратисти, Макпетрол со 7, Штип, Цветан, Димов и Олимпик спорт со 2, Кеикс, Вардар, Асиарт, Ботони, Спорт 94, Фати, Македонка и Ронин по 1.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО