„Макпетрол во моментов има еден извонреден тандем во сениорска конкуренција кој во блиска иднина треба да биде осетно засилен. Така, очекуваме да имаме стандардно четворица спортисти од нашиот клуб на овие елитни светски лиги“,вели стратегот Бошко Заборски по успешниот настап на Петар Спасеновски на Карате 1 Премиер лигата во Каиро, Египет.
Имено, Спасеновски во групната фаза извојува три убедливи победи, а во четвртфиналето загуби од Украинецот Валери Соникин (Украина), и се најде меѓу осумте најдобри каратисти во Премиер лигата, односно во светската елита.
Вториот каратист на Макпетрол, Петар Заборски забележа победа и два порази во групната фаза.
Сепак, овие двјаца каратисти се мотивираат еден со друг и повлекуваат напред.
Тие демонстрираа одлична форма пред Европското првенство во Задар, Хрватска, од 8 до 12 мај.
Да потсетиме дека на Премиер лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето.
Во Каиро учествуваат вкупно 374 елитни спортисти од 58 држави.
Резултати – Премиер лига, Каиро:
Група 6
-75 кг
Петар Заборски – Мухамед Абудабус (Либија) 2-1
Петар Заборски – Енцо Бертон (Франција) 0-2
Петар Заборски – Абдала Хешам Абделгавад (Египет) 1-3
Група 1
-84 кг
Петар Спасеновски – Данијар Јулдашев (Казахстан) 9-6
Петар Спасеновски – Константин Цимбал (Украина) 4-1
Петар Спасеновски – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 5-1
Четвртфинале
Петар Спасеновски – Валери Соникин (Украина) 1-4