Македонските каратисти кои се членови на скопски Макпетрол и на овој турнир имаа исклучително високи резултати, истакнува тренерот на клубот Бошко Заборски, по освојувањето на бронзените медали на Наташа Стефановска (-61 кг) и Жарко Арсовски (+84 кг) на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург Австрија.
На трунирот учествуваа 710 натпреварувачи од 60 држави во светот и на сите и беше последна контрола пред Европското првенство во Монпелје-Франција во мај.
Стефановска успеа да го освои бронзениот медал и е единствената каратистка која ја потврди својата форма. Таа и минатата година во Салзбург беше бронзена медалистка. На патот до медалот од како во првото коло беше слободна, потоа ја порази Рената Гиорини од Унгарија со 3-2, потоа победи со Фуромото Хана од Канада на изјаснување со 5-0, во четвртфиналето ја извојува најзначајната победа со актуелната европска шампионка и шампионка на Европските игри кои се одржаа во Баку, Ана Ленард од Хрватска и ја победи со резултат 2-0, за влез во финале загуби од Гранде Александра од Перу, минимално, 0-1, а за бронзениот медал во репасаж извојува уште една победа од 2-1, со екс-европската шампионка од Украина Серогина Анита. Успешен настап и одлично преставување имаше и Жарко Арсовски (+84 кг), тој во тешка категорија успеа да осви бронзен медал.Во борбата за медал беше поуспешен од Босанецот Харис Сујковиќ, кого го победи на изјаснување со 4-1, во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 1-1. Претходно тој ги победи: Кабаши Илир од Словачка на изјаснување 0-0, Херсук Тарас од Украина 2-0, Данило Језниќ од Србија на изјаснување 0-0, загуби во полуфинале од Слободан Битевиќ, исто така на изјаснување 0-5“, вели Заборски,
Тој се осврна и на настапот на останатите натпреварувачи. За Сара Радичевска( -50 кг) истакна дека забележала висок пласман на седмата позиција и дека во репасажот не успеала да дојде до бронзениот медал. Сара сама си ја пропуштила шансата да влезе во полуфиналето, откако цело време воделасо резултат 2-0 со европската шампионка Бетина Планк , на крај загубила концентрација и е поразена со 2-3. Претходно ја победи (второ коло) Рацио Санчез од Шпанија со 2-1, а во репасаж загуби од Србинката Јелена Миливојевиќ со 0-4.
Петар Заборски ( -75 кг), е со две победи со Сам Пломпен -Белгија победи со 3-0, победа и со Блодин Пакишта од Косово 2-0, загуби од Сабир Ахмет од Турција со 0-8.
„На овој турнир од светската Карате 1 Премиер лига дојдоа најдобрите светски каратисти. За две недели поточно првиот викенд во месец мај, се одржува и Европското првенство во Монпелје, Франција и сите држави го искористија овој турнир како последна контрола. Каратисти на Макпетрол повторно имаа добро претставување и веќе, како по некоја традиција, секогаш успеваме да освоиме медали од овие најреномирани светски натпревари. Посебно ме радува податокот што Наташа Стефановска (-61кг), Сара Радичевска (-50кг), и Жарко Арсовски(+84кг) ги исполнија нормите за влез во репрезентација за Европското и Светското првенство. Наташа Стефановска успеа овој пат да победи две европски шампионки и нејзината спортска форма оди во нагорна линија, исто така и Сара Радичевска покажува спортска зрелост за големи резултатски достигнувања, додека пак Симона Заборска (-55кг) и Моника Стефановска (-68 кг) се исто така репрезентативци на Македонија за Европското првенство во Франција.Затоа ние мораме во последниве две недели максимално добро да ја темпираме спортската форма и да се обидеме на ЕП да освоиме медал. Макпетрол од 10 тежински категории во дисциплината кумите , успеа да обезбеди 5 пласмани и процентуално, по број на најквалитетни сениорски репрезентативци, ќе биде најзастапен во сениорската репрезентација на Македонија“, констатираше Заборски.
Од четириесетина Македонски каратисти кои учествуваа во Салзбург медали освоија: Емил Павлов (-60 кг) сребрен медал КК Штип, Берат Јакупи (-84кг) бронзен медал КК Асиарт Гостивар, како и женскиот ката тим на КК Ронин Прилеп, бронзен медал во кати екипно.
Ipon.mk/В.Д.