Македонската универзитетска карате репрезентација веќе една недела е на завршните подготовки во хотел Макпетрол во Струга. Каратистите интезивносе подготвуваат за учество на Европските универзитетски игри кои ќе се одржат во Лоџ, Полска, во периодот од 17-31 јули.
На игрите се пријавени 5000 студенти од 400 европски универзитети од 40 државии тие ќе се натпреваруваат во 20 различни спортови.
„Во Струга сме на десетдневни подготовки и веќе сме при крај. Многу сум задоволен од моменталната форма на целиот тим. Се работи многу сериозно и во Полска одиме да направиме успех. Имаме голема традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзитетски првенства, светски универзитетски првенства и европски универзитетски игри. Имаме бројни медали кои нашите каратисти ги освојуваа ширум светот за последните 20 години. Универзитетското карате е многу силно и квалитетно, на овие игра ќе има голем број на пријавени спортисти-ки, бидејќи скоро сите квалитетни спортисти и репрезентативци кои настапуваат за своите национални тимови се истовремено и студенти“, истакна селекторот на универзитетската карате репрезентација Бошко Заборски.
Во Полска ќе патуваат:
1.Марија Петровска -50 кг
2.Симона Заборска -55 кг
3.Викторија Јовановска -61 кг
4.Моника Пендаровска -61 кг
5.Ангела Мојсовска -68 кг
6.Давид Петков -67 кг
7.Петар Заборски -75 кг
8.Петар Спасеновски -84 кг
9.Глигор Петков + 84 кг
10.Илиевски Димитар -84 кг
За тимот во екипно борби ќе настапат Симона Заборска (капитен), Ангела Мојсовска, Моника Пендаровска и Викторија Јовановска
Сите спортисти од машката екипа ќе настапат и во екипна конкуренција дисциплина кумите (борби).
„Само за потсетување во тимот кој ќе отпатува за Полска, има спортисти кои имаат големи постигнувања за македонскиот спорт. Да потсетиме дека Симона Заборскаво категоријата -55 кг е светска сребрена медалистка од Светското универзитетско првенство во Брага, Шпанија, во 2016 година. Исто така, таа е носител на сребрен медал и од последната Европска универзијада која се одржа во Загреб. Додека Петар Заборски -75 кг во 2017 година во Куимбра, Португалија, беше европски универзитетски првак во категоријата -75 кг, а во Загреб на последната одржана Универзијадата во 2019 година и сребрен медал во екипна конкуренција борби. Петар Спасеновски -84 кг има бронзен медал од последната Универзијада во Загреб и сребро од екипниот настап, а пак Ангела Мојсовски во -68 кг е бронзена медалистка“,вели Заброски и нагласува:
„Сакам да нагласам дека очекуваме добар настап од нашите спортисти во поединечна и во екипна конкуренција борби“.