Босанска каратe реперезентативка крвнички претепана во сопствениот стан (ФОТО)

252

Ема Селман преку Фејсбук ги извести своите пријатели за потресното искуство и јавно го објави името на човекот кој го направи тоа.

Карате репрезентативката на Босна и Херцеговина, Ема Селман, заедно со нејзината сестра Ена (исто така каратистка), беше жртва на насилство во нејзиниот стан во Кључ.

Таа преку Фејсбук ги извести своите пријатели за потресното искуство и јавно го објави името на човекот кој го направи тоа.

„Сакам на сите јавно да им кажам за состојбата за која многу граѓани на Кључ се запознаени. Се случи синоќа на полноќ, видно пијан човек чукна на мојата врата и влезе во мојот стан да ме претепа мене и сестра ми и физички да ме злоставува. Адел Вучкиќ изврши насилство врз мене. Јас сум жртва на насилство од една пијаница“,  напиша Ема Селман.

Каратистката исто така посочи и други жени да го следат овој пример и да кажат јасно и гласно кога се жртви на насилство.

„Не се срамам, ова не е мое понижување, туку негово и неговото семејство. Не знам на кое ниво мажот може да падне за да удри жена. Адел Вучкиќ, ова не ме повредува, не се срамам. Ти си тој кој треба да се срами. Стоп за насилството врз жените. Немој да мислиш дека жените ќе молчат. Нема! Ние ги имаме нашите права. Им предлагам на сите жени дека никогаш не треба да молчат за насилството. Вие нема да ме понижите со ова. Јас од ова ќе бидам само посилна!“, додаде босанската репрезентативка.

Zelim svima javno da kazem o situaciji o kojoj su upoznati mnogi gradjani Kljuca. Desilo se sinoc u ponoc da je na moja…

Geplaatst door Ema Selman op Zaterdag 16 mei 2020