Борјана Поп Атанасова е џудо шампион, Лилјана Недановска вицешампион на Балкакнот за пионери (ФОТО)

Борјана Поп Атанасова е шампион, а Лилјана Недановска вицешампион на Балкакнот во џудо за пионери.

На Балканското првенството во Никшиќ, Црна Гора, нашата репрезентативка Борјана Поп Атанасова на доминантен начин стигна до шампионската титула во категоријата над 63 килограми, додека Лилјана Недановска (-57 кг) во финалната борба загуби и мораше да се задоволи со сребрен медал.


Поп Атанасова ја зголеми колекцијата на медали на ЏК Миоки по бронзениот медал на Хамза Јашари на Европското првенство за кадети во Сараево, додека среброто на Недановска е голем поттик за ЏК Преспа, докажувајќи дека има преспективна женска екипа.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON