Борец со Даунов синдром со прекин го совлада Нејт Квари и го освои светскиот појас! (ВИДЕО)

jake the snake

Пет години откако ja заврши ММА кариерата, поранешниот УФЦ борец Нејт Квари се врати на ММА борбите, но подобар од него беше новиот светски шампион во тешка категорија, Џејк „Д Снјек“ Бекман.

 Приредбата на која се одржаа оваа ММА борба се вика во „Rumble at The Roseland“, а Квари го прифати предизвикот на противникот само затоа што на таа борба се врати од пензија. Можеби овој потег не му е добар, бидејќи Бекман го совлада со прекин и стана светски шампион во ММА во дебитантската борбаj.

 Се разбира, тоа, всушност, беше борба во хуманитарни цели, од која што сите приходи ќе одат Здружението на лица со Даунов синдром, кое го води мајка му на Џејк. Нејт веднаш го прифати повикот, а тоа го објасни со зборовите:

 „Речиси целио мој живот имам можност да ги живеам своите сништа, па зошто тоа да не му го овозможам и на некој друг. А треба и на луѓето да се разбуди свестта дека овие луѓе се исти како и сите ние, навистина само малку поинакви“.

 Секоја чест за овој убав гест на Нејт, а во прилог може да го видите видеото од овој настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON