Како давеник што се фаќа за сламка и ние со нестрпление го чекавме Светскиот кавлификациски турнир во борење во Истанбул, Турција, кој заврши вчера. Се со една цел дека нашите борачи се доволно мотивирани да освојат барем една олимписка норма и да ја заборавиме Олимпијадата 2012 во Лондон, кога исто така немаве претставник, а да го ресетираме борењето со учеството на ОИ во Рио ова лето.
Надевањето дека другите пијат нафта станаа илузија, бидејќи тие беа добро подоготвени, а ние лутавме од турнир до турнир. Се чини дека работите беа јасни уште од минатогодишното Светско првенство во Лас Вегас, САД, кога не забележавме ниту една победа и имавме скор на поени 45-1, нормално во негатива. Иста слика се повтори на и на европксите првенства за сениори и У-23.
Работите не се случуваат наеднаш и моментално, туку имаат длабоки корења во минатото како одраз на неорганизираност, запоставена стручна работа, гледање на тесни интереси-клупски, човечки; а посебен зачин во се е политичкото решавање на работите, се со една цел – да бидеме први во село и да им покажеме на овие другите дека сме поголеми од нив, и овака и онака, кога во позадина имаме ветер – политички.
Еден потрес се случи минатата година во македонското борење. Во суштина и е добро што се случи, бидејќи така излегоа од зачмаеноста и видоа дека светот функционира поинаку и дека признава само една работа – РАБОТА. Се спасивме од суспензија од Обединетото светско борење, се расчистија некои работи дома и некоии работи добија ритам. Сепак, тоа е малку за врвни успеси.
Од друга страна, клубовите едвај дишат и ако нема меѓусбена конкуренција и соработка уште повеќе ќе тонат, финансиски, стручно и кадровски. Некои работи мора да бидат строго дефинирани во однос на натпреварувањата, а конкурентноста мора да почне во клубовите. Потоа стручно оспособување на тренерскиот, судискиот и техничкиот пресонал. И, пред се, да се популаризира борењето кај младите, во спротивно, на првенствата на прсти ќе ги броиме натпреварувачите.
Федерацијата за боречки спортови на Македонија и нејзиното раководтсво мора веднаш да расчистат со многу работи и уште сега да направат стратегија за Олимписките игри во Токио 2020 година. Во ова треба да се вклучи и Македонскиот олимписки комитет со точни проценки за тоа што сакаме и што можеме, а не работите да се решаваат ад-хок, па и на некого да му се направи услуга. Неуспехот на борењето не е само неуспех на ФБСМ, туку и на МОК, затоа што олимпискиот шампион е токму од овој спорт, а последниот олимписки медал, воедно и прв во независна Македонија, го освои борач.
Колку побрзо се направи ресетирање, толку подобро. Само така ќе може да се надеваме дека наредните ОИ ќе бидат со македонски борачи, но и да очекуваме успеси и на европските и на светските првенства. Во таа насока треба да се искористат сите кадровски ресурси, без разлика каде се наоѓаат.
Ipon.mk/В. Донев