Во пресрет на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, денеска во Собранието беше доделена годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Наградата ја доби спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски.
Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година. Успехот и наградата им ја посвети на татко му целата работничка и чесна класа.
Покрај Костовски, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ им додели признанија за остварувања во областа на спортот и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Димитар Јованов и Зоран Бошковски- Чоко, кој го постигнал првиот гол за македонската фудбалска репрезентација по осамостојувањето на Македонија.
Со свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ утре ќе биде одбележан Денот на независноста.