Аманда Нунеш во јуни требаше да ја брани титулата во бантам категорија на УФЦ 289. Јулијана Пења заработи повреда која ќе ја извади од судирот.
Организацијата веднаш објави дека местото на Пења ќе го заземе Ирене Алдана, која моментално е петтопласирана.
Дана Вајт потсети дека Алдана е во серија од 4 победи во 5 борби и со нејзиниот успех во сабота, УФЦ може да има уште еден шампион од Мексико по успесите на Алекса Грасо и Брендон Морено.
Што се однесува до повредата на Јулијана Пења, официјалните информации се дека таа се здобила со пукнато ребро на тренинг.
🚨 ICYMI 🚨 @IreneAldana_ steps in to face @Amanda_Leoa for the bantamweight championship at #UFC289! 🏆 pic.twitter.com/2hrP6On05r
— UFC (@ufc) May 3, 2023