Борбата меѓу Џонс и Переира би била финансиски удар

Џон Џонс се подготвува за борба со Стипе Миочиќ во следното излегување во кафезот.

Според Даниел Кормиер, доколку Џонс победи во оваа борба треба да му понуди на Алекс Переира борба во тешка категорија. По последната борба на Переира, шампионот на УФЦ во полутешка категорија повторно имаше идеи за негова преселба во кралската дивизија. Переира сака предизвик за титула во трета различна тежинкса категорија.

Ова е нешто што никој не успеал да го постигне во историјата на УФЦ. Кормиер верува дека Џон треба да го искористи моментот кога Переира е во подем да стане една од најголемите ѕвезди на УФЦ. За „Фанки и шампионот“, Кормиер рече:

„Џон Џонс можеби нема да се пензионира бидејќи има многу големи можности. Да сум на негово место, би се борел со Стипе Миочиќ. Ако победам, тогаш би го предизвикал Алекс Переира во борба во тешка категорија. Таа борба ќе го насочи целото внимание на настанот во светот на ММА. Борбата меѓу Џонс и Переира би била финансиски удар“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON