Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, почна да помага во организирањето на дуелот меѓу познатите бизнисмени Илон Маск и Марк Цукерберг. Веста ја објави Њујорк Тајмс.
Според претседателот на промоцијата, тој секојдневно им се јавува на двајцата бизнисмени, а самата борба ќе биде ревијална и нема да се одвива под покровителство на УФЦ. Таборите се договорија целиот приход од настанот да биде наменет за добротворни цели.
Потсетуваме дека Цукерберг и Маск се скараа на социјалните мрежи и се договорија да се пресметаат во октагонот во Лас Вегас. Подоцна, шефот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека е подготвен да ја организира оваа борба, а и двајцата бизнисмени се сериозни.
Голем број борци на УФЦ исто така изразија желба да помогнат во обуката на Елон Маск и Марк Цукерберг. Италија предложи оваа борба да се одржи во Колосеумот.