Борачот Кристијан Крстев и каратистката Цеце Каракепелиева „Спортисти на годината“ во Радовиш

Sportist na godinata Radovis za 2015

Добитници на плакети „Спортист на годината“ за 2015 година во Рaдовиш се: Кристијан Крстев од „БК Бучим Радовиш“ во категорија јуниори, Драган Јованов од „ВК Бел Камен бајкс“ во категорија кадети, Цеце Каракепелиева од „Карате клуб Бучим Феникс“ во категорија кадетки, Давид Мијалов од „Триатлон клуб Анада“ во категорија постари Пионери.

Плакета за Спортска екипа на годината 2015 доби ФК Плачковица.

Добитник на Плакета за Спортски тренер на годината 2015 е Дарко Коцев, тренер на ФК Плачковица.

Fidanco Jovanov-sportist 2015 radovis

Плакета за „Посебно спортско достигнување“ добија Крсте Тарабунов од „Мускулна уметност-категорија Ветерани, Училишен спортски клуб Никола Карев, Влатко Рабаџиски од „ВК Бел Камен Бајкс“, Фиданчо Јованов од „БК Бучим Радовиш“, Фудбалски клуб Детонит и РКлуб Радовиш-категорија пионери.

Добитник на Плакета „Спортски работник за повеќегодишна работа“ е Митко Самохин за особен придонес во развојот на спортот.

Изборот беше во организација на Општина Радовиш – Комисијата за образование, спорт и култура, под покровителство на градоначалнико Сашко Николов.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО