Борачот на Лирија, Бесмир Весели, си ги испроба силите и во ММА во САД. Весели во категоријата до 74 килограми ја забележа победа во првата борба во Чикаго, со што најави успешен почеток во новиот предизвик-ММА.
Репрезентативецот на Македонија, кој сега живее во САД, славеше против Колин Пор во „Тотал фајт челинџ“, односно ТФЦ лигата, која опстојува 20 години.
Неговиот пртивник досега имал три борби и исто толку победи, но Бесмир ги покажа своите вештини и го нокаутираше за 20 секунди.
Се надеваме дека Бесмир ќе стигне и до некоја од претсижните УФЦ или Белатор.
Ipon.mk/В. Д.