Борачките на камп во Кочани, посетени од градоначалникот Љупчо Папазов

Во Кочани се одржува камп по женско борење, домаќин е БК Спартак.

Тренинизите се под раководтство на олимпиецот Чедо Николовски, со цел подобрување на тактичко-техничката подготвеност, како и физичките перформанси.

Вчера младите борачки имаа пријатно изненадување од посетата на градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов и поранешниот градоначалник Ратко Димитров чија фирма своевремено Европа 92 го спонозрираше БК Спартак.

Тие и посакаа добар престој на младите борачи, убави подготовки и многу успех во иднина.

Од друга страна, беше нагласено дека во минатото го помагале борењето и дека понатаму ќе продолжат да го прават тоа. Градоначалникот Папазов истакна подготвеност за помош на Спарат, како на најтрофеен клуб во општината, при што нагласи дека клубот бил европски вицешампион, а во своите редови ги имал медитеранскиот првак и олимпиец Коце Ефремов, како и олимпиецот Влатко Соколов и дриги истакнати борачи и тренери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON