Борачките на Безбедност на турнир во Младеновац

Борачките на Безбедност утре ќе учествуваат на 3.Меѓународен турнир „Младеновачки борачи“, и тоа: Бојана Лазаровска, Емилија Илијевска и Леона Топаловска.

На турнирот ќе учествуваат спортисти од Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Грција, Унгарија, Бугарија, Украина, Словенија и Шведска.

„Очекуваме добар настап на нашите борачки и ова учество ќе биде уште едно искуство во развојот на женското борење во нашата земја, како и остварување значајна соработка со земјите во регионот“, вели тренерот Страѓо Глигоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО