Бадр Хари претпочита наследство кое ќе го овековечи во спортот

Бадр Хари е жива легенда и е едно од најпознатите имиња во боречките спортови. Тој е поранешен шампион во тешка категорија и познат по експлозивниот темперамент и тешки нокаути во рингот. 34-годишниот Мароканец има 92 победи со нокаут од 106 меча во кариерата, а загубил само 13 пати. Потпиша со Глори пред 3 години и се врати на голема сцена за борба против шампионот во тешка категорија Рико Верховен.

За битката имаше голем интерес, притоа Хари победи во првата рунда, но загуби во втората како резултат на повредата. Три години подоцна, тие ќе се борат по втор пат на Глори колишн 2, што ќе се одржи на 21 декември во Арнем на стадионот Гелредом. Хари веќе го зацементира своето наследство во спортот, но сака уште повеќе да биде овековечен. Вели дека претпочита наследство што ќе го овековечи во историјата на спортот.

„Цени ги малите работи во животот. Јас сум повеќе од подготвен за борба. Претпочитам вечно наследство во спортот“, вели Хари.

https://www.instagram.com/p/B3cFr1ClYYb/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B3WxzxIFoLF/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО