Борачките на „7 Мај“ отпатуваа на турнир во Германија

Борачките на „7 Мај“ отпатуваа за Германија каде што во сабота ќе учествуваат на „15. Оффене интернационале Баден-Винтербергише мајстершафт 2022″  во градот Ален, на покана на Претседателката на женската боречка федерација на државата Баден Виртемберг.

Боите на „7 Мај“ ќе ги бранат: Барбара Стојкоска, Елена Дејкоска, Тамара Цветкоска и Ангела Трајкоска.

Благодарение на компанијата за обезбедување Топ поинт секјурити од  Штутгарт на господинот Дејан Спиркоски која ги покрива трошоците за престој  во Германија девојките ќе настапат на овој турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON