Борачите Вардар 1961 ја отворија сезоната со две одличја на „Али Тефик Демири“

На првиот турнир во борење во 2024 година „Али Тефик Демири“ во организација на БК Студеничани борачите на Вардар 1961 освоија дев одличја – сребро и бронза, со тоа ги продолжија успешните настапи од минатата година.

Со сребрен медал се закити Дамјан Зафировски, а со бронза Матеј Трајковски.

Од клубот велат дека ова е одличен успех на почетокот на годината и дека младите надежи на Вардар 1961 одат по вистинскиот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО