Од Боречкиот клуб Вардар истакнаа дека нивните борачи имаат покана да настапуваат за германски клубови во најелитната лига во Европа.
На својата стрница БК Вардар објавија дека минатогодишниот финалист на Бундес лигата, „СВ Германија 04 Вајнгартен“ испратиле примамлива понуда за нивниот борач Халил Зубаиров. Интерес пројавиле и „Лукенвандер СЦ“, „АСВ Мајнц“ и „ВКФ 07 Шиферштад“ за Тимур Хамикоев и Кристијан Пешко.
„Со оглед на тоа дека лига системот на Федерацијата за борешки спортови на Мкаедонија не функционира, нашиот клуб, БК Вардар, ќе ја имаа таа чест да ги отстапи борачите за лига натпреварите во Германија. Не би требало да има никакви пречки за трансферот во заинтерисираните клубови. Учеството на нашите борачи во најелитната лига во Европа ќе биде едно големо искуство и подобрување на квалитетите и спортската форма пред Олимпијадата“, наведуваат од БК Вардар.
ipon.mk/В.Д.