Борачите на Вардар 1961 освоија три медали на „Победник“ во Белград

Борачите на Вардар 1961 на Меѓународниот турнир „Победник“ во Белград, Србија, покажаа дека се на вистински пат и ја заокружија успешната сезона со три медали – 1 сребрен и 2 бронзени.

Сребрен медал освои Нина Славевска, а бронзи Неда Урошевска и Матеј Трајковски.

На силниот меѓународен турнир настапија борачи од над десет држави.

„Ова е показател дека Вардар 1961 има мала ама компактна екипа која на сите домашни и меѓународни натпревари се покажува во одлично светло“, вели тренерот Игор Неделковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО