Борачите и боксерите отпатуваа на Медитеранските игри во Шпанија (ФОТО)

Репрезентативците на Македонија во борење и бокс денеска отпатуваа за Тарагона во Шпанија на Медитеранските игри.

Борачи кои ќе настапат на Медитеранските игри се: Дејан Митров, Бесмир Веселовски, Раиф Камбери и Могамедгаџи Нуров, предводени од тренерот на репрезентацијата Лулзим Исмаили. На борилиштата во Тарагона ќе биде и судијата Марјан Лазаров.

Во бокс имаме само еден претставник, тоа е Лулзим Исмаили кој годинава имаше најдобри настапи, а со него ќе патува и селекторот Петар Чурлиновски.

Рапоред на настапите на Медитеранските игри нашите спортисти од боречките спортови:

Карате 23 – 24 јуни
Борење 25 – 27 јуни
Бокс 25 – 30 јуни
Џудо 27 – 29 јуни
Таеквондо 28 – 30 јуни

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО