
Непријатни сцени го одбележаа Државното првенство во борење на Бугарија во Сливен за време на финалето во грчко-римски стил, јави БТВ спорт.
По завршувањето на финалниот меч во категоријата до 72 кг, Иво Илиев остро реагираше на одлуката на судијата и ја шутна судиската маса. Малку подоцна, се случи физичка пресметка, во која судијката Елина Васева го удри во лицето.
Ситуацијата брзо ескалираше, а во конфликтот се вмеша и мајката на натпреварувачот. Во салата настана тензија, а организаторите и обезбедувањето интервенираа за да го прекинат инцидентот.
По она што се случи, Илиев беше дисквалификуван од Државното првенство. Се очекува Бугарската боречка федерација да го разгледа случајот и да издаде официјално соопштение.
Фото: Принскрин ФБ БТВ спорт
Видео: БТВ спорт



