Легендарниот Федор Емелијаненко, едно од најголемите имиња во светот на боречките спортови, во септември го прослави 48-миот роденден, но се чини дека сè уште е желен за акција, ни помалку ни повеќе туку со друга легенда, Мирко Филиповиќ – Кро Кап.
Од нивниот меч во 2005 година Федор излезе како победник со едногласна одлука. Тој меч се сметаше за борба на двајца од најдобрите ММА борци во светот и влезе во книгите за историја на мешани боречки вештини.
Затоа, не е изненадување што неодамнешното интервју на Федор за рускиот медиум Ушатајка привлече големо внимание, во кое тој изјави дека би сакал повторно да се бори со Мирко, но овој пат во боксерскиот ринг.
„Кога ме удри, се слушна тресок“, рече Федор. „Во тоа време, Кро Кап беше еден од најопасните удирачи во Прајд. Редовно победуваше со нокаут. Неговиот стил ме принуди целосно да го совладам кик боксот и тајландскиот бокс и да ги подобрам моите борби во стој за да бидам подготвен за него“.
Тој се присети како го блокираше ударот на Мирко на нивната прва средба: „Неговата нога удри во мојата, а звукот што излезе беше неверојатен, речиси како искри да ми излетаа од главата“.
„Очекував дека или неговата или мојата нога ќе биде скршена од тој удар. Кога проверив, видов дека се е во ред и ја продолживме борбата, во која успеав да доминирам.
Мирко ми изгледа како да е подготвен“, одговори тој на прашањето за можноста за нова борба.
Федор истакна дека ја завршил својата ММА кариера, но дека е отворен за боксерски настап, а Мирко Филиповиќ е еден од неговите потенцијални противници.
„Имам разни разговори со различни борци. Андреј Арловски е многу споменуван, а Мирко ми изгледа како да може да биде подготвен за борба“, додаде Федор.
Овој потенцијален судир меѓу две апсолутни легенди секако би бил спектакл за паметење. Сега не останува ништо друго освен да се чека одговорот на Мирко. Неодамна го прослави својот 50-ти роденден, а на настанот на Глори во Загреб доби многу убава роденденска честитка од светски познатите борци. Потоа изјави дека се уште има борбен дух, но дали навистина некогаш повторно ќе го видиме на бојното поле… Ќе видиме, се е можно!