Пет бронзени медали за каратистите на Mакпетрол со македонската репрезентација на Балканското првенство во Сараево

Каратистите на КК Макпетрол членови на македонската репрезентација освоија пет бронзени медали на Балканското првенство за кадети, јуниори и младинци, што се одржа викендов во Сараево, Босна и Херцеговина.

Стефан Стојановиќ (+84 кг) и Данило Божовиќ (-84 кг) освоија по два бронзени медали, по еден во поединечна конкуренција и еден во екипно. Бронзен медал освои и Јована Мицовска во категоријата -61 килограм.

На Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево, учество земаа 1.234 каратисти од 13 држави.

РЕЗУЛТАТИ БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО

У-21

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Углеша Пејовиќ (Србија) 1-0
Стефан Стојановиќ – Норик Халилосмани (БиХ) 6-0
Стефан Стојановиќ – Петрос Стефанидис (Грција) 1-1
Репасаж
Стефан Стојановиќ – Умит Ерџан (Турција) 3-3
За бронза
Стефан Стојановиќ – Душан Бијелиќ (Црна Гора) 4-2

-61 кг
Јована Мицовска – Јована Чалиќ (Црна Гора) 8-0
Јована Мицовска – Сена Кизиласлан (Турција) 3-6
Репасаж
Јована Мицовска – Лариса Адријана Ивашчу (Романија) 6-0
За бронза
Јована Мицовска – Нурсена Атиџи (Турција) 6-1

-84 кг
Данило Божовиќ – Кемал Незириќ (БиХ) 3-2
Данило Божовиќ – Дејан Миленков (Бугарија) 0-0
Данило Божовиќ – Ерен Јусуф Емизел (Црна Гора) 2-7
За бронза
Данило Божовиќ – Александар Новицки (БиХ) 3-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО