Боксот останува олимписки спорт, но без АИБА

Боксот ќе остане олимписки спорт и во Токио во 2020, но тоа не значи признавање на Интернационалната асоцијација за аматерски бокс (АИБА), одлучи извршниот борд на Интернационалниот олимписки комитет (ИОK).

Наместо признавање на легалноста на АИБА, ИОK ќе постави итна група која ќе ги организира боксерските натпреварувања, вклучувајќи ги и олимписките квалификации од јануари до мај. Оваа одлука на ИОK доаѓа по истрагата за финансиските малверзации во АИБА, иако боксерската асоцијација тврдеше дека во последните 18 месеци направиле реформа.

„Оваа одлука се прави во интерес на спортистите и на боксерскиот спорт. Сакаме да осигураме спортистите да го живеат својот сон и да учествуваат на Олимпијадата. Но, не сме задоволни од реформите во АИБА“, вели претседателот на ИОK, Томас Бах.

Претседателот на АИБА, Гафур Рахимов, сам се суспендираше од позицијата во март поради неговото присуство на листата за санкции од американската влада поради „давање материјална поддршка“ на криминални организации. Узбекистанецот ги отфрла обвинувањата иако беше заменет од Мухамед Мустасане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON