Боксерски спектакл на отворено во Прилеп, Трајкоски против Осман (ВИДЕО)

Професионалната боксерска ревија во Прилеп на 22 јуни ќе се одржи на базенот „Маркови Кули“ во Прилеп со почеток во 19:30 часот на која нашиот боксер Ице Трајкоски (1-1-0) во лесно-тешка категорија ќе се бори со Енсар Осман од Бугарија.

Ревијата се организира за скор на професионалните боксери на светската професионална боксерска ранг листа.

„По долга пауза со нашиот тим ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп во летната бавча на кафе барот „Оникс“. Боксери ќе има од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби. Сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот на светската ранг листа. Публиката ќе може да ужива во оваа најблагородна вештина. Сакаме да ја информираме јавноста дека нашиот тим одлучи, доколку имаме временски неприлики, ревијата да се одржи во спортската сала на комплексот „Маркови Кули“, вели организаторот Дарко Чатлески.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON