Австралискиот боксер, Брендон Смит, почина два дена откако ја изгуби свеста по поразот во мечот за титулата шампион на Азија во перо категорија од ВБЦ верзија.
Смит се онесвести 90 минути по поразот од филипинецот Џон Мореалдо и од тогаш не се освести.
Портпаролот на несреќниот 23-годишен боксер, Џејмс Оши, потврди дека Смит бил приклучен на апарати откако бил примен во болницата во Бризбејн.
Австралискиот боксер загуби во сабота на поени со едногласна одлука на судијата.
По натреварот му честита на победникот и замина во соблекувалната, каде колабираше по час и половина.