Поранешната шампионка на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во мува категорија Го Шиндо објави дека го сменила полот. Нејзиното име по пасош е Мегуми Хашим, но сега ќе се вика Го Хашим. Паралелно со промената на полот, таа се омажи за пријателката Ајука.
Се очекува наскоро Хашим да аплицира до Боксерски комисија на Јапонија, со што ќе објави дека ја прекинува кариерата. Боксерката имаше 16 победи (11 со нокаут) и 4 порази. Таа беше шампионка до декември 2013 година.
.