Боксерите подготвени за настап на Монтенегро купот во Будва
„Настапот на Монтенегро куп 2026 претставува важна можност за нашите боксери да стекнат меѓународно искуство, да ги тестираат своите способности против силна конкуренција и достојно да ја претстават Македонија на меѓународната боксерска сцена“.

Како претходно што објавивме боксерската репрезентација на Македонија на престижниот Меѓународен боксерски турнир „Монтенегро куп“ од 15 до 22 март во Будва, Црна Гора, ќе настапи со пет боксери.
За Македонија ќе настапат:
Ален Рустемовски – 60 кг
Адријан Рустемовски – 60 кг
Ружди Рустемовски – 65 кг
Наум Стојаноски – 70 кг
Никола Кисковски – 80 кг
На овој силен меѓународен турнир учествуваат боксери од повеќе европски и светски федерации.
Репрезентацијата ќе ја предводи тренерот Владимир Цекиќ, дел од македонската делегација ќе биде и меѓународниот боксерски судија Петре Неделковски.
Македонската делегација за време на турнирот ќе биде сместена во комплексот Сплендид во Будва.
„Настапот на Монтенегро куп 2026 претставува важна можност за нашите боксери да стекнат меѓународно искуство, да ги тестираат своите способности против силна конкуренција и достојно да ја претстават Македонија на меѓународната боксерска сцена. На нашите боксери и на целиот тим им посакуваме среќен и успешен настап на турнирот и достојно претставување на Македонија на меѓународната боксерска сцена“, истакнуваат од Боксерската федерација..



