Боксерите на Пинк пантер утре во Охрид ќе јуришаат на втората титула на Балкан опен купот

Утре Охрид е домаќин на финалниот боксерски турнир „Балкан опен куп“ – Меморијален турнир „Алексо Огненовски“, a БК Пинк пантер ќе ја брани титулата во Олимписки надежи.
Боксерскиот клуб „Пинк пантер“ од Штип е подготвен за големото финале на 10. коло од „Балкан опен купот“ што утре ќе се одржи во Охрид како дел од Меморијалниот турнир „Алексо Огненовски“. Ќе настапи со силен состав и наветсува дека ќе има убедлива предност пред останатите клубови во категоријата Олимписки надежи. По одличните резултати во текот на сезоната, штипскиот клуб е на чекор до нов шампионски трофеј.
За „Пинк пантер“ во финалното коло ќе настапат:
Езел Шабан – 40 кг
Али Расимов – 43 кг
Мухамед Мемедов – 48 кг
Лазар Димитров – 54 кг
Кристијан Штрков – 57 кг
Иса Бајрам – 63 кг
Александар Панов – 65 кг
Ненад Наков – 66 кг
Зулќифер Бајрам – 66 кг
Со ваков состав и досегашните резултати, клубот влегува како главен фаворит во последното коло. Доколку ја задржи предноста, „Пинк пантер“ повторно ќе ја одбрани титулата освоена минатата сезона и ќе стане двократен шампион во Олимписки надежи на Опен Балкан Лигата, потврдувајќи дека е еден од најуспешните боксерски клубови во регионот“.
Тренерот Петар Чурлиновски верува во момците на Пинк пантер.
„Напорно се подготуваме. Момците се подготвени за предизвикот и освојување на титулата. Ќе дадат с еод себе и ќе покажар дека се најдобри во регионот. Одиме на втора титула“, вели Чурлиновски.
Сите љубители на боксот ќе можат во живо да ги проследат борбите од финалното 10. коло, кои започнуваат од 17:00 часот на ТВ Арена Фајт.
Сите погледи се насочени кон финалето, каде младите штипски боксери ќе имаат можност уште еднаш да го покажат својот квалитет, борбеност и шампионски дух.



