Познати се противниците на македонските боксери на Европското првенство за ученици во Сараево, Босна и Херцеговина. Само Мила Георгиева настапува вечерва, останатите утре и во сабота, а Османи во недела ќе се бори за полуфинале и бронзен медал.
Европското првенство во бокс за ученици и ученички е најважното натпреварување по Олимписките игри во Токио. Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево ќе биде домаќин на новото издание и тоа по 20 години пауза.
На ЕП учествуваат 209 боксери и 80 боксерки (родени 2007 и 2008 година) од 25 држави кое почнува денес и ќе трае до 20 август.
Европско за ученици – распоред:
42 кг – 14 боксери
Фурхан Јашаровски – Давид Кухар (Хрватска) 14 август
50 кг – 16 боксери
Алиџан Демиров – Андреј Кипел (Блелорусија) 14 август
54 кг – 15 боксери
Рион Бајрами – Топрак Салман (Турција) 13 август
60 кг – 15 боксери
Баки Аети – Самвел Сирамагјан (Ерменија) 13 август
63 кг – 11 боксери
Алтин Османи – Иван Некиќ (Хрватска)16 август (четвртфинале)
54 кг – 9 боксерки
Мила Геогиева – Јулие Полденикова (Чешка) 12 август