Боксер претепал жена

Германскиот професионален боксер во тешка категорија Том Шварц е под истрага од полицијата во неговата земја за тепање на жена.

Тој сè уште не го коментира инцидентот, а исто така ги избришал сите свои профили на социјалните , а вчера наутро ги избришал сите свои профили на социјалните мрежи. Полицијата во градот Лостау го потврди инцидентот, а спортскиот клуб на боксерот СЕС објави дека го суспендираат неговото членство и му забрануват пристап до опремата.

„Многу е важно да се дистанцираме од сите акти на насилство“, велат од клубот.

Шварц важеше за еден од најперспективните натпреварувачи кај тешкашите, со 26 победи (18 со нокаут) од 27 меча. Неговиот единствен пораз е од Тајсон Фјури во две рунди минатата година, кога Фјури се врати во рингот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON