Македонската бокс репрезентација вечерва патрува за Турција каде од 1 до 10 мај ќе се подготовува во Ајвалик со репрезентациите на Русија, Турција и Молдавија.
На подготовки ќе одат 12 репрезентативци и тоа:
– 52 кг Исак Сулејмани
-56 кг Алмир Нуришов и Јасмин Мифтар
-60 кг Александар Ристовски и Јасин Лама
-64 кг Денис Муаремовски и Дејан Ристески
-69 кг Мартин Алексов и Лулзим Исмаили
-75 кг Гоце Јанески и Никола Арсов
-91 кг Димитар Ташков
Со нив ќе бидат и тројцата тренери Енвер Салиху, Мирко Ристевски – Мице и Илија Младеновски и како водач на патот.
Подготовките ги овозможи Олимпискиот комитет на Македонија (МОК) во соработка со Турскиот олимпикси комитет. Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, бил воодушевен од настапот на боксерите во рамките на Регионалната бокс лига во Штип меѓу Пинк Пантер и Сесвете, затоа се ангажирал да му помогне на некогаш најтрофејниот спорт во Македонија.
Ipon.mk/В.Д.