Во понеделник почнуваат подготовките на репрезентацијата за Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ кој ќе се одржи во петок и сабота во Скопје.
На подготовките кои ќе се одржат во салата на БК Аперкат во скопската наслеба Автокоманда ќе учествуваат: 52 кг Исак Сулејмани – Тернипе, 56 кг Алмир Нуришов – Тернипе, 60 Јасин Лама – Шкупи, -69 кг Никола Арсов – Пинк Пантер и Љулзим Исмаили – Шкендија бокс и -75 Гоце Јанески – Аперкат. Тренинзите ќе ги водат тренерите Мирко Ристевски – Мице – БК Аперкат, Петар Чурлинов – БК Баргала и Насер Харуни – БК Шкупи. Сите ќе бидат сместени во хотелот Континентал.
За репрезентацијата е обезбедена нова опрема.
Претседателот Игор Златков ќе ги надгледува подготовките
Инаку нз Златниот гонг се пријавени боксери од 11 земји, а ќе има силна конкуренција.
Во петок во 12 часот во состанокот на работната група за формирање на боксерска лига на просторите на поранешна Југославија.
Ipon.mk/В.Д.